Достапни линкови

Направени 639 вонредни надзори на здравствени установи


Инфективно одделение во Штипската болница. Илустрација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 639 вонредни инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени установи во периодот од 16 март до 19 април.

Во контролата било проверувано дали здравствените работници се соодветно опремени со лична заштитна опрема, дали има доволно од опремата, дали има доволно средства за дезинфекција, просторија за изолација за пациент кој би можел да биде позитивен на коронавирусот, дали има соба за тријажа и набљудување.

„Само кај многу минимален дел од нив билe констатирани неправилности и биле издадени решенија за нивно отстранување“, изјави директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова во „Само интервју“ на Канал 5.

Во изминатиот период Државниот санитарен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, контакти на лица позитивни на коронавирус, но и 902 решенија за лекување во домашни услови, во случаи кога лекарите процениле дека нивната состојба дозволува такво лекување.

XS
SM
MD
LG