Достапни линкови

ОН предупредуваат на зголемен број на гладни луѓе во светот


Илустрација

Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека бројот на луѓе кои се соочуваат со глад може да се зголеми за двојно оваа година, односно на повеќе од 250 милиони, како резултат на економските последици од коронавирус.

„Бројот на лица со кои се соочува акутна несигурност во храна, треба да се искачи на 265 милиони во 2020 година, што е зголемување за 130 милиони од 135 милиони во 2019 година, како резултат на економското влијание на Ковид-19“, се вели во извештајот на ОН.

Во извештајот се утврдува дека загубените приходи од туризам, опаѓање на дознаките од странство и патувања и други ограничувања поврзани со пандемијата се очекува да имаат најголемо влијание врз безбедноста на храната.

Битка за спас на светската економија

„Ковид-19 е потенцијално катастрофален за милиони кои веќе висат по конец. Ние мора колективно да дејствуваме сега за да го намалиме влијанието на оваа глобална катастрофа“, рече Ариф Хусеин, главен економист и директор за истражување, проценка и мониторинг на Светската програма за храна.

Светската програма за храна има потреба од финансирање од 10 до 12 милијарди американски долари за нејзините програми за помош оваа година, што е далеку над рекордните 8,3 милијарди американски долари собрани минатата година.


XS
SM
MD
LG