Достапни линкови

Отец Ангеловски и муфтија Качалнику: Вековниот соживот продолжува


Дебарскиот муфтија Качалнику на Велигден кај отец Ангеловски

И ние младите генерации во Дебар ги продолжуваме добрите меѓуверски односи кои со векови se присутни на овие простори, бидејќи имаме обврска од постарите генерации да ја почитуваме верската толеранција, изјавија денеска новиот дебарски муфтија Решат Качалнику и отецот на МПЦ – ОА во Дебар, Мики Ангеловски, на средбата во црквата Света Петка, каде муфтијата го честиташе Велигден.

„Ние, како млади раководители на верските заедници во Дебар, имаме одговорност овие добри односи да продолжат и кај младите генерации. Со оваа средба каде упатив честитки за сите првославни верници имаме обврска да го задржеме заедништвото на нашите претци, кога и Бајрам и Велигден ги славеле заедно“, рече муфтијата Качалнику. Тој додаде дека и денеска „кога живееме во овие услови на пандемија од Коронавирусот, продолжуваме да се почитуваме и да ги честитаме празниците оти вака во Дебар било низ векови“.

Како што јави нашиот дописник од Дебар, отец Ангелвоски се заблагодари за посетата на муфтијата по повод Велигден и додаде дека почитувањето на луѓето на овие простори било секогаш без разлика на верската припадност. Ангеловски подвлече дека заедништвото било и ќе остане помеѓу жителите на овој град кој знаел да ги почитува сите вери .

„Верската толеранција продолжува во Дебар и овој град е добар пример за сите други наши градфови во земјава“, нагласија отецот Ангеловски и муфтијата Качалнику.

XS
SM
MD
LG