Достапни линкови

Четиридневен карантин во 31 градови во Турција од четврток


Општински работник дезинфицира џамија во Истанбул на 11 март 2020

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе воведе четиридневна карантин во 31 градови в четврток, како мерка за борба против новиот коронавирус.

Во Турција, претходните два викенда имаше режим на самоизолација во 31 градови. Мерките се продолжуваат овој пат поради националниот празник на Турција, кој е в четврток, 23 април.

Ердоган по состанокот на кабинетот рече дека Турција се стреми да ја намали заразата на ниво што ќе го нормализира животот по верскиот празник Рамазан Бајрам кон крајот на мај.

XS
SM
MD
LG