Достапни линкови

Ќе најдеме паметни решенија за летните одмори, тврди дер Лајен


Европјаните ќе најдат „паметни решенија“ кои ќе им овозможат да одат на годишен одмор и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Можеби малку поразлично, со други хигиенски мерки и со малку повеќе физичка дистанца, но ќе биде импресивно да се види дека ќе најдеме решение“, изјави Фон дер Лајен во интервју за весникот „Експресо“.

Таа оцени дека е добро што земјите од ЕУ почнуваат да ги укинуваат рестриктивните мерки, но предупреди дека владите мора да постапуваат внимателно, „чекор по чекор и секогаш со претпазливост“.

XS
SM
MD
LG