Достапни линкови

Релаксирање на мерките по 1-мајските празници, најави Спасовски


Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала, но тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, објави на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски, најавувајќи релаксирање на мерките донесени за спречување на ширење на пандемијата од Ковид-19, по првомајските празници.

Во државава сѐ уште е на сила најдолгиот полициски час од воведувањето на вонредната состојба. Тој завршува утре во 5 часот изутрина.

XS
SM
MD
LG