Достапни линкови

Ивановска: ДКСК ги следи сите процеси во вонреднава состојба


Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

Имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа нашата држава поради светската пандемија и борбата за справување со корона вирусот SARS-CoV-2, Државната комисија за спречување корупција, заедно со Платформата на граѓански здруженија за борба против корупција, процени дека се зголемени ризиците од случајни или намерни грешки во вршењето на службената должност на одговорни лица во државните органи, особено во процесите на итни јавни набавки и користење на донациите, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

„Од тие причини се преземаат активности за следење на содржината на процесите, транспарентноста и отчетноста на одговорните лица како и следење на реализацијата на уредбите со сила на закон и мерките што Владата и институциите ги носат во овие вонредни услови, а особено на оние кои вклучуваат трошење на буџетски средства и користење на донациите, a во насока на заштита на здравјето на граѓаните и економската состојба на земјава“, вели Ивановска во интервју за МИА.

XS
SM
MD
LG