Достапни линкови

Во Канада вооружен напаѓач убил 16 луѓе


Канадската кралска полиција

Вооружен напаѓач во канадската провинција Нова Шкотска убил најмалку 16 лица, меѓу кои и една полицајка. Кралската полиција соопшти дека 51-годишниот Габриел Вортман пукал и убил неколку луѓе низ покраината на неколку локации. Официјални лица изјавија дека осомничениот исто така е мртов. Според бројот на загинати, ова е еден од најлошите настани во поновата историја на Канада. Инцидентот започнал доцна на 18 април вечерта во малиот атлантски крајбрежен град Портапик и заврши скоро 12 часа подоцна на бензинска пумпа во близина на Енфилд, на околу 35 километри од Халифакс. Вортман бил облечен како полицаец и возел автомобил кој наликува на Кралската полиција.

XS
SM
MD
LG