Достапни линкови

Борбата со коронавирусот во фокусот на велигденските пораки на политичарите


Велигден во Скопје

Политичкиот врв преку видео пораки го честита Велигден. Премиерот Оливер Спасовски, претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и други испратија пораки и честитки до православните верници, осврнувајќи се на празнувањето во време на коронавирусот.

Спасовски вели дека оваа година Велигден го минуваме во самоизлоација, како подвиг на секој од нас пред искушенијата, кои на светско ниво ги донесе оваа пандемијата и здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

„Затоа од нас годинава се очекува да ја совладаме нашата себичност, да понесеме саможртва за доброто на сите и овие денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да победи животот и да преминеме во нова иднина“, истакнува во честитката премиерот Спасовски.

Претседателот Стево Пендаровски во пораката вели дека посакува Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот.

„А преку надминување на кризата да ја научиме најважната животна лекција за нужноста од поголема еднаквост, одговорност, солидарност и почит меѓу нас“, вели Пендаровски во пораката.

Честитка упати и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. И тој во честитката до припадници на Министерството за внатрешни работи и до сите граѓани се осврнува на борбата со коронавирусот.

„Тоа што сега за нас е прироритетно е таа победа да не биде „пирова“, односно да биде со што помалку изгубени човечки животи, затоа што само човечкиот живот има непроценлива вредност“, наведува министерот Чулев.

XS
SM
MD
LG