Достапни линкови

Рекордни 22 милиона луѓе во САД побарале бенефиции за невработеност


САД - илустрација

Бранот отпуштања што ја погодуваат американската економија од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, принуди во минатата недела уште 5,2 милиони луѓе да бараат бенефиции за невработеност, соопшти владата. Околу 22 милиони луѓе бараат бенефиции за невработеност во текот на изминатиот месец - и тој период е веројатно најлошиот во американската историја: скоро секој седми американски работник ја загубил работата.

Најголем пад на производството во Америка од Втората светска војна

Овие податоци укажуваат дека економијата влегува во сериозна рецесија. Производството, според некои економисти, може да се намали за околу 10,5 проценти. Тоа ќе биде двојно повеќе од намалувањето за време на рецесијата 2008-2009 година што беше најголем пад од Големата депресија во САД во 1930-тите.

XS
SM
MD
LG