Достапни линкови

Примена донацијата од САД за С. Македонија од 1 милион долари


Американската амбасадорка Кејт Брнс, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче на предавањето на донацијата од САД за Северна Македонија

Националниот координатор за распределба на странска помош, вицепремиерот Бујар Османи, и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска, во присуство на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнс, ја примија донацијата од САД за нашата земја, која се состои од заштитна медицинска опрема за борба против ковид-19 во вредност од еден милион долари.

„Се работи за различна заштитна облека - маски, одела итн., кои се наменети за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници. Оваа опрема им се става на располагање на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, на кои секако им е најпотребна, имајќи предвид дека опремата ќе ја користат медицинските лица кои се првата одбрана на земјата од епидемијата“, рече Османи.

Министерот Филипче ѝ се заблагодари на амбасадорката Брнс за донацијата од САД која, како што рече, во овие моменти е неопходна за справувањето со коронавирусот во земјава.

„Донацијата од заштитна опрема за здравствените работници ќе им помогне во заштита на нивното здравје во време при извршувањето на работните обврски“, рече Филипче.

XS
SM
MD
LG