Достапни линкови

Вести

МЗ: Не објавувајте неофицијални податоци за пациентите, се предизвикува страв и паника

Министерство за здравство на Република Северна Македонија

Министерството за здравство денеска реагираше на објавување неофицијални најнови податоци за новозаразени и евентуално починати од Ковид-19 пред да бидат официјално објавени од самото Министерство или од Институтот за јавно здравје и замолуваат да не се прави екслузивитет од состојбата на пациентите.

„Со оглед на тоа што во изминативе денови, неколку медиуми први информираат за статистиката на денот ги замолуваме сите медиуми - да се држат исклучиво до официјалните информации кои излегуваат од релевантните институции наместо да користат лични контакти за информирање“, соопшти Министерството..

Состојбата во државата е вонредна, велат од МЗ, и овие моменти не би требало да се користат за ексклузивитет - затоа што податоците може да бидат неточни, но и податоци без детална информација предизвикуваат страв и паника кај семејствата кои се лекуваат од КОВИД-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и во останатите јавно-здравствени установи.

„Апелираме на солидарност и грижа во овие моменти. Ве замолуваме за известувањето во однос на состојбата со пациентите да се информирате исклучиво од Министерството за здравство“, објави МЗ.

види ги сите денешни вести

Русија разговара за „гасна унија“ со Казахстан и Узбекистан

Илустрација

Русија разговара за потенцијална „гасна унија“ со Казахстан и Узбекистан со цел да го зголеми снабдувањето со гас меѓу трите земји и да им го понуди на други купувачи, вклучително и Кина, изјавија високи руски претставници во вторникот (29-ти ноември).

Рускиот вицепремиер Александар Новак, кој ги спомна испораките за Кина, не даде детали за планот, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека деталите од договорот допрва треба да се разговараат, но дека клучната идеја е да се координираат плановите за снабдување.

Тој го наведе примерот со северен Казахстан, кој увезува гас од Русија и каде владата размислува за изградба на гасовод за снабдување на регионот со казахстански гас.

Македонија и Казахстан ќе ја зацврстуваат економската соработка

Русија, во исто време, го зголемува производството во блискиот источен Сибир, рече тој, сугерирајќи дека Казахстан би можел да избегне трошење на „десетици милијарди долари“ за гасоводи, потпирајќи се на рускиот увоз.

Портпаролот на казахстанскиот претседател Касим Зомарт Токаев во вторникот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин предложил таква идеја на состанокот со Токаев во понеделникот, но без да отркие детали.

Додека Русија е главен извозник на природен гас, Узбекистан и Казахстан произведуваат приближно онолку колку што трошат. Двете земји се поврзани со гасовод со Русија, а посебен гасовод ги преминува двете на пат кон Кина.

На удар предлогот на германската влада да се олесни добивањето државјанство

Измените на законот за германско државјанство наидоа на критики и противење од редовите на конзервативната опозиција, но и најмалите членови на владејачката коалиција, и покрај фактот што оваа реформа беше меѓу клучните ветувања на трипартиската коалиција. Германската влада на 25 ноември објави дека работи на планови за поедноставување на добивањето државјанство преку забрзување на натурализацијата на имигрантите и овозможување на двојно државјанство, пренесува агенцијата Франс прес. Според предложените нови правила, натурализацијата би била можна по пет години престој во земјата наместо сегашните осум за луѓето за кои се смета дека особено добро се интегрирале во германското општество. Децата родени во Германија автоматски би станале државјани доколку еден од родителите имигранти легално живее во земјата најмалку пет години.

Зошто Холанѓаните го блокираат влезот на Бугарија и Романија во Шенген?

Министерството за внатрешни работи, исто така, планира да ги олесни некои јазични барања за постарите имигранти и да им олесни на луѓето да имаат повеќекратно државјанство. Како што истакнува АФП, реформата на законот за државјанство беше едно од клучните ветувања на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц, кога таа дојде на власт под водство на неговата Социјалдемократска партија пред една година. Промените беа предложени во време кога Германија, со сè постарото население, се соочува со сериозен недостиг на работници во бројни економски сектори, според АФП, што укажува дека германското Министерство за труд предвидува дека до 2026 година ќе има недостиг од околу 240.000 квалификувани работници во најголемата европска економија.

Најголем дел од нелегалните влезови во ЕУ се преку Западен Балкан

Германските конзервативци го обвинија Шолц дека им дал нов поттик на луѓето да дојдат илегално преку Средоземното Море или Западен Балкан. Германија е главната дестинација за влез на баратели на азил и нерегуларни мигранти во Европската унија, посочува лондонскиот весник, наведувајќи дека бројот на илегални мигранти во ЕУ е зголемен за 73 отсто во текот на минатата година.

Катастарските услуги зголемени од 20 до 30 проценти, Тунџев вели дека цените се реални

Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности

Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници, изјави денеска директорот на Агенцијата, Борис Тунџев.

Причината за поскапувањето е сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, но и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катстарските ИКТ системи, објаснува Тунџев.

„За нормално функционирање и осовременување на техничката поддршка и надградба на софтверот и апликациите се потребни повеќе средства. Цените не се енормно поскапени, туку на ниво на реално направени трошоци за одржување на електронските системи кои се од исклучителна важност. Цените на некои од услугите не е променета“, додаде Тунџев.

Тој објаснува дека промените на ценовникот по пет години се резултат на систематска анализа што ја прави Агенцијата.

„Во 2017 Катастар ги намали цените за 30 до 90 проценти. Ако се направат споредби со 2014, поголемиот дел на услугите се на ниво од 2014, односно 2017,“ вели Тунџев.

Тој најави дека доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите.

Инаку на денешниот брифинг со новинарите сакаше да присуствува и претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола Рибароски, што не му беше дозволено со образложение дека настанот е за информирање на медиумите, а тој може да побара прием за разговор.

Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори претходно побара итна ревизија новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) што стапија во сила на 19. месецов, а со кои, како што велат од Комората, услугите за добивање одредени податоци се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги. Веднаш потоа реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека поскапувањето на услугите од „Катастар“ ќе биде на грбот на граѓаните.

Столтенберг: со влезот на Црна Гора и Северна Македонија покажавме дека вратите на НАТО се отворени

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, десно, се ракува со романскиот претседател Клаус Јоханис во Букурешт, Романија,

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува шефовите на дипломатиите на членките на Алијансата на денешната средба да потврдат дека вратите на тој воен сојуз се отворени за нови членки. „Покажавме во претходните години дека нашите врати се отворени за нови членки, тоа го покажавме со влезот на Црна Гора и Северна Македонија, а сега и со Шведска и Финска“, чиј пристап се очекува наскоро“, изјави реше Столтенберг по пристигнувањето на дводневениот состанок на министрите за надворешни работи. Столтенберг потсети дека НАТО најави оти Украина ќе стане членка на Алијансата, но додаде дека сега „главниот фокус е врз поддршката на Украина“.


Столтенберг: поддршката на Украина е долгорочен интерес на НАТО

„Ние сме во средина на војна и не треба да правиме ништо што би можело да го поткопа единството на сојузниците. Треба да обезбедиме воена, хуманитарна и финансиска поддршка на Украина бидејќи мораме да го спречиме рускиот претседател Владимир Путин да победи и да обезбедиме Украина да остане суверена, независна земја“, рече тој. Столтенберг рече дека сојузниците од состанокот во Букурешт треба да испратат „јасна порака“ дека ќе ја зголемат поддршката за Украина, како во однос на обновата на уништената инфраструктура, така и во однос на ракетните системи за нејзина одбрана од руската инвазија. По денешниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на министрите за надворешни работи на членките на алијансата, Финска и Шведска, на работната вечера ќе им се придружи и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба. Столтенберг исто така го предупреди Иран и другите земји дека не треба да и помагаат на Русија во војната против Украина.

Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во посета на опожарениот Културен центар Ванчо Михајлов во Битола (фотографија од датотека)

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство.

Софија: измените на законите за здруженија и партии го попречуваат исполнувањето на Договорот за добрососедство


Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи. „Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство“, изјави Бендевска. Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка. Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името.

Бугарските здруженија и клубови имаат три месеци да си ги сменат имињата

Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

Продолжи судењето за случајот „Софтвери“

Драги Рашковски

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето „Софтвери“ во кое поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер. Обвинителството на денешното рочиште продолжи со изведување на докази во кои образложи дел од комуникацијата меѓу обвинетите која се однесува на набавката на софтверот, а започна и со испрашување на сведокот Александар Пејчиновски. На денешното рочиште, исто така, Народниот правобранител побара имотно побарување од обвинетите во износ од 18.794.137 денари.

Зеќири сведочеше против Рашковски за случајот „Софтвери“

Судскиот процес за случајот „Софтвери“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот Законик.

Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет

Павлина Црвенковска

Павлина Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет. Оставката ја поднесе пред почетокот на денешната 421 седница на Советот. „Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РСМ. Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството“, наведува таа во оставката.

Судски совет- судската власт е независна и самостојна

Како што наведува Црвенковска, станало жално што, како што вели, „наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“. „Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита. Благодарна сум на оние колеги кои покажуваа почит и ме подржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството“, наведува Црвенковска во оставката.

Столтенберг: поддршката на Украина е долгорочен интерес на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Букурешт изјави дека во долгорочен интерес на Алијансата е да ја поддржи Украина во нејзиниот отпор кон руската агресија. Отворајќи го форумот Аспен-ГМФ, Столтенберг рече дека пораката на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, кои ќе се состанат подоцна денеска во Букурешт, ќе биде дека тие „ќе стојат на страна на Украина онолку колку што е потребно и нема да отстапат“. „Ова е клучен момент за нашата безбедност, ќе испратиме јасна порака дека сме тука и дека сме подготвени да ја одбраниме територијата на секоја наша членка“, рече Столтенберг на форумот што, со поддршка на НАТО, го организира романскиот огранок на Институтот Аспен и Германскиот Маршалов фонд (ГМФ) САД.

Столтенберг -Нема индиции дека Русија планира напади врз НАТО земји

Тој повтори дека ако рускиот лидер Владимир Путин победи во војната против Украина, „другите авторитарни лидери ќе бидат охрабрени“ да употребат сила за да ги постигнат своите цели и дека затоа е во долгорочен интерес на НАТО да ја поддржи Украина. Столтенберг изрази уверување дека министрите за надворешни работи на членките на НАТО „ќе заземат став дека поддршката за Украина треба да се зголеми“. Тој рече дека НАТО не е неподготвен за руската инвазија на Украина и дека тоа не е изненадување, бидејќи алијансата се подготвува за таква можност уште од 2014 година.

Османи во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

Столтенберг повторно ги отфрли тврдењата дека проширувањето на НАТО кон исток е насочено против Русија. „Проширувањето на НАТО се однесува на одлуките на суверените земји да се приклучат на алијансата. Тоа не беше провокација од Русија, туку слободната демократска волја на земјите што сакаа да влезат во НАТО“, додаде тој.

Кина ќе ја забрза вакцинацијата против ковид кај старите лица

Волонтери подготвуваат вреќи со зеленчук за жителите под заклучување во Пекинг, Кина, 28 ноември 2022 година

Кина денеска објави дека ќе ја забрза кампањата за вакцинирање на постарите лица против ковид-19, бидејќи бројот на инфекции достигна највисоко ниво во последните денови. Националната здравствена комисија во меморандум вети дека ќе ја забрза стапката на вакцинација на лицата над 80 години и ќе продолжи да ја зголемува стапката на вакцинација на лицата на возраст од 60 и 79 години.


Протести во Шангај поради тешките ковид ограничувања

Стапката на вакцинација во Кина, особено кај најстарите луѓе, е еден од редовните аргументи на владата да ја оправда строгата здравствена „нулта ковид“ политика со постојани заклучувања, карантини по пристигнувањето од странство и речиси секојдневно тестирање на населението. Само 65,8 отсто од жителите постари од 80 години се целосно вакцинирани, изјавија претставници на Националната здравствена комисија на денешната прес-конференција. Кина денеска забележа 38.421 нови случаи, што е блиску до највисокиот број од почетокот на пандемијата постигнат овој викенд. Сепак, огромното мнозинство случаи се асимптоматски, а тој број е многу мал во споредба со 1,4 милијарди население во Кина.

Во Иран над 300 загинати од почетокот на немирите за смртта на Махса Амини

Иран - антивладини протести

Повеќе од 300 луѓе загинаа во Иран од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини во притвор поради кршење на строгиот кодекс на облекување на жените, изјави еден генерал на иранската Револуционерна гарда. Протестите во Иран започнаа по смртта на Махса Амини на 16 септември, како резултат на тепањето од страна на моралната полиција која ја уапси поради наводно несоодветно носење хиџаб. Во видеото објавено од онлајн новинската агенција Мехр, командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда на Иран, Амирирал Хаџизадех, рече дека сите во земјата биле погодени од смртта на девојчето.

Хамнеи ги пофали полициските сили за задушувањето на протестите во Иран

„Немам најнови податоци, но мислам дека можеби имавме повеќе од 300 маченици и жртви меѓу најдобрите деца на оваа земја по тој инцидент“, рече генералот Амирал Хаџизадех, мислејќи на припадниците на безбедносните сили и демонстрантите. Во тој број на жртви се вклучени десетици припадници на безбедносните сили кои загинале за време на судирите со демонстрантите или биле убиени, според иранските власти. Бројот на жртви се приближува до билансот што го објави невладината организација Иран за човекови права (IHR), со седиште во Норвешка, која наведува дека во репресијата на демонстрантите во Иран загинале најмалку 416 лица.

САД со итна помош за енергетската инфраструктура на Украина

Киев без електрична енергија

Се очекува САД денеска на маргините на состанокот на НАТО во Романија да објават „значителна“ финансиска помош за Украина за да и помогнат да се справи со штетата што Русија и ја нанесе на нејзината енергетска инфраструктура. објавија високи американски претставници. Помошта, која детално ќе ја каже државниот секретар Ентони Блинкен, ќе биде значителна и нема да биде последна, изјави за новинарите висок американски функционер кој сакаше да остане анонимен. Тој потсети дека администрацијата на претседателот Џо Бајден одвоила 1,1 милијарда долари од буџетот за енергија за Украина и Молдавија. Ова беше најавено за меѓународната конференција на кредиторите за поддршка на граѓанскиот отпор на Украина на 13 декември во Франција.

Нуклеарната централа Запорожје останува под контрола на Москва

Во почетокот на октомври, Русија започна голема кампања на ракетни напади насочени кон енергетската инфраструктура низ Украина. Според податоците на украинската влада, меѓу 25 и 30 отсто од таа инфраструктура била оштетена. Министрите за надворешни работи на НАТО денеска и утре се состануваат во Букурешт, а една од главните теми на состанокот ќе биде поддршката на Алијансата за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Зеленски: Русите го гранатирале регионот Керсон 258 пати во изминатата недела

Володимир Зеленски

Руските трупи гранатираа Керсон и 30 населени места во регионот Керсон 258 пати во изминатата недела, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото вечерно обраќање, откако ги повика Украинците да бидат подготвени да издржат поголем недостиг на електрична енергија поради падот на температурите. Руските сили се повлекоа од западниот брег на реката Дњепар претходно овој месец, но гранатираа градови, села и градот Керсон, од нивните нови локации на спротивниот брег.

Украина предупредува на нови руски напади

Украина во минатата недела ги повика жителите на Керсон да го напуштат градот во зима за да ги избегнат бомбардирањата, за кои Зеленски рече дека ја оштетиле пумпната станица што го снабдувала со вода Миколајев, град северозападно од Керсон. „Ова е вистинската суштина на оние случајни „другари“ кои ја презедоа Русија“, рече Зеленски.

САД: Русија еднострано го одложи состанокот во врска со Новиот нуклеарен договор СТАРТ

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Русија за одложување на состанокот за билатералниот договор за контрола на нуклеарното оружје што требаше да започне денеска во Египет, а портпаролот на Стејт департментот изјави дека одлуката е „еднострано“ донесена од Москва. Состаноците меѓу двете земји за Новиот договор СТАРТ - единствениот преостанат за регулирање на арсеналот на двете најголеми нуклеарни суперсили - требаше да се одржат по руските нуклеарни закани против Украина и компликациите околу американските и руските инспекции за нуклеарно оружје предвидени во договорот.

Шојгу: Русија нема потреба да користи нуклеарно оружје во Украина

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека „САД и Руската Федерација во вторник во Каиро, Египет, требаше да започнат дискусии на ниво на Билатералната консултативна комисија за Нов СТАРТ, во врска со спроведувањето“ на тој договор. „Руската страна ги информираше САД дека Русија еднострано го одложува состанокот и посочи дека ќе предложи нови датуми“, наведува Стејт департментот. Висок функционер на Стејт департментот за Си-Ен-Ен изјави дека Русија не им ја кажала на САД причината за одложувањето и дека „неодамна“ го информирала Вашингтон за својата одлука. Руското Министерство за надворешни работи за руската државна новинска агенција РИА Новости изјави дека разговорите се одложени, а не ја наведоа причината за одложувањето.

Лавров: САД не понудиле обнова на преговорите за нуклеарниот договор

Новиот договор СТАРТ го ограничува бројот на оперативни нуклеарни ракети со интерконтинентален дострел и на САД и на Русија. Последен пат беше продолжен во 2021 година, за пет години, што значи дека двете страни наскоро треба да започнат преговори за нов договор за контрола на вооружувањето. Врз основа на договорот, на Вашингтон и на Москва им беше дозволено меѓусебно да ги проверуваат локациите каде што е распоредено нуклеарно оружје, но поради пандемијата „ковид-19“, инспекциите беа прекинати во 2020 година.

Вучиќ: се уште жалам за литиумот, протестите ја уништија државата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се уште жали за неговата одлука да се откаже од ископувањето литиум во Србија и дека „испадна оти е најглупавиот претседател на светот“. Вучиќ за ТВ Пинк, коментирајќи го протестот на еколошките активисти пред зградата на српската Влада, изјави дека владата не донела никаква одлука, туку на тоа одлучил сам. „Не ми е јасно зошто протестираа пред влада, ако протестираат треба да протестираат пред претседателство, а јас ќе им се обратам и убаво ќе им кажам - вие ја уништувате државата, цената денес е 82.500 долари за тон литиум, со овие резерви тоа се 100 милијарди, затоа што разбирате што им правите на Јадра, Осечина, Ваљево и на целото Подриње“, рече Вучиќ.

САД, Британија и Германија демантираат дека ги финансирале протестите во Србија

Тој посочи дека Лозница ќе добие пет милијарди евра од ископот на литиум и дека тоа ќе биде најдобро за државата, но дека граѓаните веруваат во теории на заговор, а водачите на протестите се „платени од странски фондации“. „Водачите добија пари и ја уништија државата заедно со нас кои бевме глупави и наивни да ја прифатиме оваа дрскост, а јас горко жалам за тоа“, рече Вучиќ.

Османи во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на состанок на НАТО во Брисел. (фотографија од датотека)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре во Букурешт ќе учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи. Во фокусот на разговорите на НАТО Министерскиот состанок, како што соопшти МНР, ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична поддршка од страна на земјите – членки. Воедно, ќе стане збор и за зајакнување на индивидуалната и колективна отпорност на земјите членки наспроти долгорочните предизвици со кои се соочува Алијансата.

Столтенберг: НАТО нема да отстапи, туку ќе продолжи да ја поддржува Украина

Сојузниците ќе се осврнат и врз стратешкото значење на Западен Балкан и Црноморскиот регион за НАТО и во таа насока на потребата од зајакнатата поддршка за земјите партнери изложени во поголем ризик, се вели во соопштението. Одржувањето на состанокот, кој вообичаено е во Брисел испраќа јасна порака: НАТО е многу присутен во регион близок до војната во Украина. На министрите за надворешни работи на алијансата ќе им се придружат и нивните шведски и фински колеги, вторите само како поканети, бидејќи Турција и Унгарија сè уште не ги ратификувале своите апликации за членство.

Вчитај повеќе

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG