Достапни линкови

Сандерс го поддржува Бајден во трката за претседател на САД


Џозеф Бајден и Берни Сандерс

Американскиот сенатор Берни Сандерс го поддржа својот поранешен демократски ривал, екс потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во трката за претседател на САД. „Ги повикувам сите Американци, го повикувам секој демократ, ги повикувам сите независни политичари, повикувам голем број републиканци, да се приклучат во оваа кампања и да ја поддржат вашата кандидатура“, рече Сандерс во заедничкото појавување со Бајден на Интернет.

Берни Сандерс се откажа од претседателската трка во САД

Поддршката на Сандерс е клучна за Бајден, кој мора да ја премости идеолошката поделеност во рамките на Демократската партија, со цел да ги обедини гласачите во борбата против американскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 3 ноември. 78 годишниот Сандерс, кој се опишува себеси како демократски социјалист и 77 годишниот Бајден, кој го поддржува центарот и партиската елита беа лути ривали на партиските избори за претседателски кандидат на демократите.

XS
SM
MD
LG