Достапни линкови

Еден загинат, стотици повредени во протест и пожар во руски затвор


Илустрација.

Еден затвореник е пронајден мртов по немири и пожар што го зафати руски затвор во источен Сибир, кој е затворен поради коронавирусот, соопштија властите на 11 април.

Независни медиуми објавија дека околу 300 затвореници се повредени во инцидентот во Затворот бр. 15 во Ангарск, во провинцијата Иркутск.

Проблемите започнале на 9 април кога властите ги обвинија затворениците, додека активистите за човекови права рекоа дека затворениците масовно се самоповредуваат во знак на протест против систематското малтретирање.

Активистите од невладината група „За човековите права“ велат дека руските специјални единици биле распоредени во казнената колонија доцна на 9 април во обид да ги спопрат немирите.

Портпаролот на Федералната казнена служба во Иркутск рече дека немирите започнале кога еден затвореник нападнал стражар.

На 10 април избувнал пожар во казнената колонија, зафаќајќи површина од околу 30.000 метри квадратни, при што полицијата ги затворила патиштата кои водат кон затворот, оддалечувајќи ги независните набљудувачи. Пожарот бил изгаснат до раните утрински часови на 11 април.

Правобранителот во регионот Иркутск, Виктор Игнатенко,е цитиран од руските новински агенции како вели дека телото на еден затвореник било најдено по расчистувањето на остатоците. Во извештаите не е наведена причината за смртта.

Регионалната казнена служба соопшти дека ситуацијата во затворот рано денеска е „под контрола“. Ги обвини затворениците дека го предизвикале пожарот.

Видеа објавени на социјалните мрежи ги покажуваат зградите во оган, додека затвореници тврдат дека се „убивани.“

На активистите за човекови права не им беше дозволено да влезат во затворот. Роднините и набљудувачите не се во можност да контактираат со затворот поради карантинските ограничувања воведени за време на пандемијата на коронавирусот.

Истражниот комитет на областа Иркутск отвори кривична постапка за случајот. Во објектот има околу 1.300 затвореници.

XS
SM
MD
LG