Достапни линкови

МНР: Досега вратени 2704 македонски државјани


Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија

Министерството за надворешни работи информира дека од Брисел и од Париз (Бове) во државата биле вратени 160 македонски граѓани. Според министерството, досега биле реализирани 11 специјални летови, а вкупниот број на македонски државјани кои се вратиле во државата изнесува 2704.

Од нив 1745, како што наведуваат од МНР, се вратиле со специјалните чартер летови на авиопревозникот Визер, а 214 со хуманитарни конвои, додека пак на 526 граѓани (најчесто затекнати на други континенти), во соработка со министерствата за надворешни работи на повеќе држави и во координација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва им било обезбедено непречено да транзитираат низ неколку држави со цел да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана.


XS
SM
MD
LG