Достапни линкови

Новинарот Михајловски имал контакт со член од семејството позитивен на коронавирус


Илустрација

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова денеска изјави дека во семејството на новинарот Гоце Михајловски има член кој е заболен од коронавирусот. Михајловски кој исто така е позитивен на болеста, според неа, имал контакт со тој член од семејството.

„Меѓутоа за детални информации кој, каде и кога ќе биде ставен во евентуална самоизолација ќе следува по спроведената анкета од Центарот за јавно здравје, која во моментот е во тек, истакна Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Мицкоски и Заев во изолација, новинарот Михајловски хоспитализиран

Михајловски неодамна ги интервјуираше лидерот на СДСМ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, поради што и тие од синоќа се во самоизолација. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека Михајловски е хоспитализиран и е во стабилна здравствена состојба.


XS
SM
MD
LG