Достапни линкови

ЕУ се согласи за пакет помош од 500 милијарди евра


илустрација

Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за пакетот помош од 500 милијарди евра за европските земји, сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот. Претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено, објави дека е постигнат договор по маратонските дискусии. Сепак, министрите не го прифатија барањето на Франција и Италија земјите членки на ЕУ да ги споделат трошоците за кризата со издавање на таканаречените „корона обврзници“.

Што преземаат државите за да го избегнат економскиот колапс?

Европската централна банка повика на одобрување на пакет помош до 1.500 милијарди евра, проценувајќи дека оваа сума ќе биде потребна за санирање на последиците од кризата. И покрај ова, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го поздрави договорот, кој го опиша како најважниот економски план во историјата на ЕУ. Министрите беа близу до договорот во средата, но преговорите сепак беа неуспешни поради спорот меѓу Италија и Холандија, која најмногу се спротивставува на издавање „корона обврзници“.

XS
SM
MD
LG