Достапни линкови

Владата прераспредели 100 милиони евра од буџетот за економските мерки против коронакризата


Околу 100 милиони евра од македонскиот буџет ќе бидат прераспределени за спроведување на економските мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19. Оваа одлука беше донесена денеска на владината седница.

На денешната седница Владата ја изменила уредбата за поддршка на работодавачи од приватниот сектор за плати за април и мај со која се отстранува условотуправители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката. Причината е заштита на микробизниси и мали фирми, и се де дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година, а не како што беше претходно утврдено до септември.

За оваа мерка нема да може да аплицираат само компании кои веќе се ослободени од плаќање на придонеси и персонален данок преку проектот „Македонија вработува“ или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.

Владата донесе и уредба со законска сила за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за време на вонредна состојба.

XS
SM
MD
LG