Достапни линкови

Македонските граѓани лани потрошиле 170 милиони евра на онлајн купување


Лани македонските граѓани потрошиле 169,2 милиони евра на онлајн купување што претставува пораст од 26,5 проценти во споредба со 2018 година, објави денеска Асоцијацијата за е-трговија повикувајќи се на статистичките податоци на Народната банка за безготовински платежни трансакции на виртуелни места на продажба.

Според овие податоци, во текот на 2019 година реализирани се вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година што претставува пораст од 23,8 проценти.

Пораст се бележи и од аспект на вредноста, односно лани вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата и во странство изнесува 176 милиони евра што е пораст од 26,6 проценти во споредба во 2018 година.

XS
SM
MD
LG