Достапни линкови

Бендот на американски воени сили ја изведе химната на НАТО во чест на македонското членство


Бендот на американските воздухопловни сили во Европа, во чест на членството на Северна Македонија во НАТО, како и Денот на Алијансата во базата Рамстајн во Германија ја изведе химната на НАТО, во нивен
аранжман, соопшти денеска Министерството за одбрана. Во видео обраќањето што беше објавено командантката на бендот Кристина Мор Уритиа и посака на земјата добредојде во НАТО.

„Дел од нашата единица требаше овој викенд да биде во Скопје, но заради пандемијата со Ковид 19, настанот е откажан. Но, ние сакавме да го одбележиме Денот на НАТО и членството на Северна Македонија во Алијансата. Добредојдовте во НАТО!, изјави таа.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил денеска напиша дека прославата на Денот на НАТО, со гостување на воените оркестри на САД и Словенија, е одложена за подобри времиња.

XS
SM
MD
LG