Достапни линкови

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор, набавка на мебел, опрема и возила


Влада на РСМ

Владата донесе времена забрана за вработување во јавниот сектор, освен во здравството, се забранува и набавка на мебел, опрема и возила, а јавните претпријатија и АД во државна сопственост треба да ги намалат тековните расходи за 15 проценти за 2020. Целта е намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

На денешната седница Владата донесе одлука со која во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот. Со оваа одлука не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања.

Меѓудругото, Владата донесе одлука со која се сведуваат на минимум расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат во јавниот сектор, Колективниот договор за култура се пролонгира до крајот на годината, а на вработените во јавниот сектор нема да се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година и нема да се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

Се забранува и набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата и се задолжуваат јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 проценти за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.

XS
SM
MD
LG