Достапни линкови

Полицискиот час не го почитувале 502 граѓани


Наќе Чулев, министер за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска изјави дека мерките и препораките на Владата, генерално се почитуваат од страна на граѓаните.

„Тие се совесни и свесни за комплексноста на состојбата во која се наоѓаме и за важностана почитување на мерките во овој исклучитлено важен момент и период за сите нас“, рече Чулев.

Според него, надлежните институции вршат приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација, а кои ќе бидат сместени согласно одлуките на Владата во карантин на сопствена сметка.

Влада: Државните карантини се безбедни и строго контролирани

Чулев истакна дека мерката за ограничување на движењето од донесувањето на 22 март, не ја почитувале вкупно 502 граѓани, од нив 459 лица се на возраст од 18 до 67 години. Досега приведени се 199 лица, а 136 лица се опоменати за непочитување на полицискиот час.

Чулев информираше дека се поднесени 123 кривични пријави за непочитување на мерката за забрана за движење. Од почетокот на мерките до сега има 1.620 решенија за изолација, а за нивно прекршување се поднесени 123 кривични пријави.

XS
SM
MD
LG