Достапни линкови

Разговори на Г7 за „дезинформациска кампања“ на Кина


Архива - американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Групата од седум најголеми економии Г7 разговараа за „намерна кампања на дезинформации“ која ја шири Кина, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува Ројтерс.

За врме на прес-конференцијата во Стејт департментот, Помпео на Г7 кој учествуваше виртуелно, ги повтори претходно изнесените обвинувња дека Кина одолговлекува со споделување на информации за вирусот, истакнувајќи дека и другите членки на Г7 се „длабоко свесни“ за дезинформациската кампања на Пекинг.

Помпео додаде дека на светот му се потребни точни информации од Кина за коронавирусот.

Кронавирусот Ковид-19, кој се прошири во 170 држави во светот, за прв пат се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан.

Од последиците на Ковид-19, болеста која ја предизвикува вирусот, во свето досега починаа повеќе од 19.500 луѓе.

XS
SM
MD
LG