Достапни линкови

Бугарскиот претседател стави вето на мерките за заштита од коронавирусот


Архивска фотографија- бугарскиот претседател и премиер Румен Радев и Бојко Борисов

Претседателот на Бугарија Румен Радев стави делумно вето на Законот за мерки и дејства за спречување на ширењето на коронавирусот кој претходно го усвои бугарското собрание на 20 март. Радев рече дека мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се крајно рестриктивни, а во оние за помош за економијата има недостатоци.

„Гладот ќе надвладее над стравот“, рече Радев.

Меѓу мерките со кои претседателот не се согласува е дозволата на властите да ги следат мобилните телефони на граѓаните за да се осигураат дека тие го почитуваат карантинот. До денеска во Бугарија има 171 заболен од коронавирус, а три лица досега починаа.

XS
SM
MD
LG