Достапни линкови

Расте бројот на заболени од коронавирусот во Африка


Јужна Африка- патници со маски пристигнуваат од Кина

Бројот на заболени од коронавирусот во Африка денеска се искачи над 1000 луѓе. Ангола јави за првиот заболен на своја територија, со што 40 држави од 54, колку што има на континентот, досега имаат потврдени случаи на овој вирус кој предизвика светска пандемија.

Конго, пак, го регистрираше првиот смртен случај, а Буркина Фасо јави за два нови. Сомалија одлучи да ги забрани меѓународните летови на два два дена, а властите во Етиопија разговараа за одложување на изборите кои треба да се одржат подоцна годинава. Ангола ги прекина летовите, а ги затвори и копнените и морските патишта иако медиумите во Намибија јавуваат дека претседателот на Ангола Жоао Лоуренцо присуствувал на инаугурацијата на намибискиот претседател Хаге Геингоб. Неколку министри во владата на Буркина Фасо се позитивни на коронавирусот вклучително и министерот за надворешни работи.

Во светот денеска се потврдени повеќе од 275 000 случаи, а повеќе од 11 500 починале. Најмалку 88 000 пак се оздравени.

XS
SM
MD
LG