Достапни линкови

Филипче: неопходни се поригорозни мерки


Архивска фотографија- Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конфернција потврди дека досега во земјавасе регистрирани девет нови случаи на коронавирус во земјата, со што бројката на дијагностицирани пациенти изнесува 85 лица. Тој додаде и дека е непроменета состојба на пациентката која се наоѓа во најкритична фаза, а дека тројца од заболените се со потешка форма на пневмонија. Оние кои се со полесна форма на заболувањето се на домашно лекување и во постојан контакт со лекари рече Филипче, нагласувајќи дека тоа е германскиот модел на лекување.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид. Министерот рече и дека мерките за изолацијата од страна на голем број граѓани не се почитуваат и поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница во 18 часот.

„Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостирме, зашто тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат“, напомена Филипче.

Владата вчера соопшти дека ја задолжила Комисија за заразни болести да подготви предлог мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус, како што се забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење и да ги достави до Владата за денешната седница.

XS
SM
MD
LG