Достапни линкови

За 24 часа 5000 ново заболени од коронавирус во Шпанија


Централниот плоштад во Мадрид

Шпанија денеска соопшти дека во последните 24 часа има 5000 нови потврдени случаи на коронавирус со што земјата се искачи на третото место по бројот на заболени во светот, по Кина и Италија.

Здравствените власти соопштија дека од вирусот се заболени 24 926 лица, а досега починале 1326 луѓе. Најпогоден е Мадрид со речиси 9000 потврдени на коронавирусот.

Шпанија воведе мерки за рестрикција на движењето и ги затвори повеќето продавници, но властите очекуваат дека бројот на заболени ќе продолжи да расте пред мерките да дадат резултат. Според последните податоци од коронавирусот во светот досега се заболени повеќе од 275 000 луѓе, а над 11 400 починале.

XS
SM
MD
LG