Достапни линкови

Германија и понуди помош на Франција за болните од коронавирусот


Илустрација- германски полицаец контролира на граничен пункт

Германската провинција Баден-Виртемберг која се наоѓа во југозападниот дел на земјата ги понуди своите болници за пациентите заболени со коронавирусот во источниот дел на Франција со кој се граничат, јавува

Портпаролот на министерството за здравство денеска потврди дека гуверенерот на провинцијата Винфрид Кретшман и понудил помош на Франција која се соочува со зголемен број заболени од коронавирусот и недостиг на болнички кревети. Тој рече и дека властите побарале од болницата пациентите од Франција кои имаат потреба од респиратор да бидат сместени на слободните кревети.

Според последните информации во Франција има над 12 600 заболени и 450 починати, а во Германија околу 16 600 се заболени од коронавирусот, а досега починале 47 луѓе.

XS
SM
MD
LG