Достапни линкови

Попот и оџата во Дебар заедно против коронавирусот

Мал број граѓани денеска можеа да се забележат на улиците во Дебар. Најголемиот дел од нив беа жители од околните села кои дошле во Дебар по лекови и намирници, но останале заглавени во градот.
1/12 Мал број граѓани денеска можеа да се забележат на улиците во Дебар. Најголемиот дел од нив беа жители од околните села кои дошле во Дебар по лекови и намирници, но останале заглавени во градот.
Празни улици на пладне во Дебар. Дебарчани се придржуваат на мерките и препораките од Владата заради коронавирусот.
2/12 Празни улици на пладне во Дебар. Дебарчани се придржуваат на мерките и препораките од Владата заради коронавирусот.
Во Дебар денеска работеа само продавниците за храна. Сите вработени беа со заштитни маски и ракавици, според прописите за кризна состојба.
3/12 Во Дебар денеска работеа само продавниците за храна. Сите вработени беа со заштитни маски и ракавици, според прописите за кризна состојба.
Пазарите празни - И пазарџиите и дебарчани денеска останаа дома.
4/12 Пазарите празни - И пазарџиите и дебарчани денеска останаа дома.
Кризниот штаб во Општина Дебар секојдневно заседава, со целосна заштитна опрема.
5/12 Кризниот штаб во Општина Дебар секојдневно заседава, со целосна заштитна опрема.
Општинските власти и екипите задолжени за спроведување на кризните мерки денеска на состаноци со неопходната заштитна опрема.
6/12 Општинските власти и екипите задолжени за спроведување на кризните мерки денеска на состаноци со неопходната заштитна опрема.
Согласно мерките за кризна состојба, припадници на МВР се поставени на влезот и излезот од Дебар.
7/12 Согласно мерките за кризна состојба, припадници на МВР се поставени на влезот и излезот од Дебар.
Единствените двајца пазарџии денеска во Дебар беа на пазарот само во претпладневните часови.
8/12 Единствените двајца пазарџии денеска во Дебар беа на пазарот само во претпладневните часови.
Надлежните органи во Дебар на состанок за кризната состојба во градот.
9/12 Надлежните органи во Дебар на состанок за кризната состојба во градот.
Сите угостителски објекти во градот ги почитуваа мерките и препораките од Владата.
10/12 Сите угостителски објекти во градот ги почитуваа мерките и препораките од Владата.
Дебарчани велат дека не се исплашени, но дека се придржуваат на мерките од Владата и СЗО.
11/12 Дебарчани велат дека не се исплашени, но дека се придржуваат на мерките од Владата и СЗО.
Затворен берберски дуќан во Дебар - Освен дел од продавниците за прехрамбени продукти, најголемиот дел од другите локали денеска беa затворени.
12/12 Затворен берберски дуќан во Дебар - Освен дел од продавниците за прехрамбени продукти, најголемиот дел од другите локали денеска беa затворени.
Previous slide
Next slide

Верниците муслимани сега верските обреди ги извршуваат целосно дома, а не во џамија. И христијанската црква се држи до препораките да не се излегува од дома. Верските лидери во Дебар, каде што има најмногу заразени, заеднички ги поддржуваат напорите за спроведување на мерките на Владата против коронавирусот.

И во овие тешки состојби поради коронавирусот во Дебар, каде што бројката на болни лица е најголема во земјава, муслиманите и православните христијани преку верските заедници даваат заеднички силна поддршка за спроведување на мерките на Владата. Дебарскиот муфтија и Намесникот на христијанската дебарска Парохија преземаат превентивни активности, а верниците силно се сплотени и ги реализираат превентивните мерки.

Дебарскиот муфтија Решат Качалнику, вели дека верниците муслимани сега верските обреди ги извршуваат целосно дома, а не во џамија.

„Ние како верски претставници имаме обврска да го делиме чувството за сите нас без разлика на верата и нацијата на која и припаѓаме. Ги преземаме активностите и за изолација. Сакаме да се мисли на сите нас и владата да се грижи како за нас во Дебар, така и за другите градови во земјава. Треба да работиме за целиот наш народ. Како Муфтиство на Дебар, во согласност со институциите во градот, имаме прифатено да ги спроведеме сите мерки во оваа состојба, бидејќи имаме духовна и морална одговорност со цел да се заштити здравјето на населението. За таа цел, ние наместо обредите на намазите да ги реализираме во џамија, ги вршиме дома. Во интерес на здравјето во Дебар верниците муслимани и Џума намазот во петоците не го одржуваат во џамија, туку во своите домови, се со цел да го заштитиме здравјето на сите“, вели дебарскиот муфтија Решат Качалнику.

Намесникот на дебарската парохија, свештеникот Миле Ангеловски истакнува дека на заедничките средби со локалната власт и муфтиството успешно се договорени начините на превентивно делување кај верниците.

„Со оглед на новонастанатата состојба со коронавирусот и ние како православна црква „Света Петка“ Дебар на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија се одзвавме на повикот на владата и на Општина Дебар и другите институции и заедно со Муфтиството на ИВЗ во Дебар се придржувме со цел да не се излегува од дома, побрзо да се победи оваа голема закана за градот и државата во целина. Во прилог на ова треба да се спомне и верската активност на Манастирот „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во селото Рајчица, дебарско, каде што во дворовите на Манастирскиот комплекс се одржа Литија со чудотворни мошти на светители и се упатија молитви како за Дебар, така и за целата држава Македонија, за цел свет и сите луѓе погодени од овој коронавирус“, истакна свештеникот Ангеловски.

И попот и оџата во Дебар деновиве се чести учесници на средбите на Општинскиот оперативен штаб на кои се следи состојбата со коронавирусот.

Во Дебар и во Центар Жупа беше воведена вонредна состојба на 13 март, откако од овој регион беа регистрирани повеќе случаи на заболени од коронавирус. Подоцна државата, на 18 март, воведе вонредна состојба на територијата на целата држава.

XS
SM
MD
LG