Достапни линкови

Еврокомисијата примила барање за помош од Северна Македонија


Европската комисија за МИА потврди дека е примено писмо со барање за помош за справување со кризата на коронавирусот во Северна Македонија.

" Комесарот Вархеји прими писмо од Владата на Северна Македонија и набргу ќе одговориме. Моментно работиме интензивно да им помогнеме на нашите партнери од Западниот Балкан да се справат со коронавирусот и да им обезбедиме поддршка за ублажување на социо-економските последици од кризата" изјави за МИА Ана Писонеро, портпаролка на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Според информациите на МИА, Владата на Северна Македонија вчера испратила писмо до Европската комисија во кое бара помош за ублажување на кризата, која се очекува да се влоши во наредните денови. Владата изразува задоволство што Европската Унија се мобилизира на солидарен начин и се надева дека истиот пристап ќе може да се присвои и кон земјите кандидати за членство.

XS
SM
MD
LG