Достапни линкови

Меркел: коронавирусот најголем предизвик од Втората светска војна


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија не се соочила со предизвик како пандемијата со новиот коронавирус од Втората светска војна.

Германија претвора хотели во болници

Во синоќешното директно телевизиско обраќање таа рече дека научниците се трудат да развијат вакцина за спречување на инфекцијата.

“Да ви кажам ова е сериозно и сфатете го така. Германија има одличен здравствен систем, но и нашите болници би биле преполнети доколку премногу пациенти би стигнувале за кратко време”, рече Меркел.

Во Германија до вчера имаше скоро 12.000 потврдени случаи на коронавирус, од кои починаа 28.

XS
SM
MD
LG