Достапни линкови

Трамп поради коронавирусот најави активирање на воениот закон


Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, Вашингтон, 18,03.2020.

Американскиот претседател Доналд Трамп повлече редок потег за зголемување на производството на основна медицинска опрема за борбата против пандемијата на коронавирусот: ќе го активира стариот акт за производство на одбраната, што и дозволува на државата да ги помага приватните индустриски капацитети. Тој закон од 1950 година за време на Корејската војна му дава на претседателот вонредна надлежност да нареди на индустриите да го зголемат производството на витални производи.

Кина реагира на твитот на Трамп -„кинески вирус“

„Ние ќе го победиме овој невидлив непријател“, рече Трамп. Тој исто така најави дека ќе активира друг закон што ќе им овозможи на американските власти да ги вратат мигрантите што се обидуваат илегално да влезат во САД, но границата нема да биде затворена. Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин проценува дека невработеноста во САД би можела да достигне 20 проценти како резултат на инфекцијата.

XS
SM
MD
LG