Достапни линкови

Меѓународниот аеродром во Скопје и македонските граници се затвораат поради коронавирусот


Владата донесе одлука да се затвораат сите македонски гранични премини и да се затвори и меѓународниот аеродром во Скопје. Нема да биде дозволен влез на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците на дипломатскиот кор, како и за други лица за кои министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од главниот координативен штаб кој ќе потврди дека има посебен државен или економски интерес.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција соопшти дека на српско-унгарската граница се заглавени околу 200 македонски државјани за кои се прават напори утре да пристигнат на граничниот премин Деве Баир.Тој апелираше до граѓаните да ги одложат своите планови за патувања поради новите очекувани европски мерки за затворање на границите.

„Ќе направиме се што можеме да организираме да се вратат дома. Но ни немаме контрола врз границите на трети држави“ изјави Димитров.

Димитров информираше за опцијата која се разгледува во ЕУ за затворање на границите во Шенген зоната за несуштински патувања.

XS
SM
MD
LG