Достапни линкови

Укинување на групните молитви во туските џамии


Дезинфекција на џамија во Истанбул, Турција

Турција соопшти нови мерки за превенција од ширење на коронавирусот со кои се прекинуваат групните молитви во џамиите, вклучително и големата петочна молитва. Шефот на турската Управа за верски прашања, Али Ербас вели дека околу 90 илјади џамии во земјата ќе останат отворени, доколку верниците сакаат да дојдат поединечно да се помолат. Според официјалните податоци, во Турција има 18 случаи на зараза. Турските власти вчера ставија во карантин илјадници верници кои се вратиле од Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG