Достапни линкови

7 ресторани во скопски Чаир затворени за непочитување на анти-корона мерките


Пазарната инспекција синоќа во скопски Чаир затворила седум кафулиња бидејќи не ја почитувале мерката на Владата да не работат, соопшти МВР. Според извештаите на пазарните инспектори, придружувани од полиција, поголемиот дел угостители ја почитувале мерката и не работеле, но 7 објекти во Општина Чаир работеле и биле затекнати со гости.

„Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата“, соопшти МВР.

Владата завчера донесе одлука сите угостителски објекти да бидат затворени за гости, а рестораните можат да примаат нарачки онлајн и да ја дистрибуираат храната или пак преку шалтери или штандови само да ја доставуваат до клиентите.

XS
SM
MD
LG