Достапни линкови

Шпанија прогласи вонредна состојба поради коронавирусот


Шпанската влада денеска донесе одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на цела земја во период од 15 дена, со можност за продолжување.

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Шпанија за еден ден се зголемил за 2.000 лица, а во последните 24 часа починале околу 100 луѓе. Како што соопшти шпанското Министерство за здравство, досега заболени се вкупно 7.753 луѓе, а починале 291 лице.

XS
SM
MD
LG