Достапни линкови

Целосна дезинфекција во Дебар и Центар Жупа


Екипи вршат дезинфекција во Дебар

Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните.

Како што јавува нашиот дописник од Дебар во општината се врши целосна дезинфекција на сите јавни објекти, продавници како и на улиците. Исто така се врши дезинфекција и на сите посебни возила кои влегуваат и излегуваат од Дебар .

Жителите на други општини, но и од странство кои се најдоа во Дебар на денот на прогласувањето на Кризната состојба од страна на Владата, се пријавени во Оперативниот штаб кој е во објектот на општината и на истите им е речено да ги почитуваат мерките на Владата . Поголем дел од нив се сместени во хотелите на Дебарските Бањи – Цапа. Меѓу нив има и поголема група на туристи од Шведска .

Од денеска продавниците за прехранбени актикли во Дебар ќе работаат од 8 до 14 часот. Директорот на општата болница во Дебар, Баки Алили изјави дека медицинските екипи работат без проблеми.Раководителот на единицата на Заводот за Јавно здравје во Дебар, епидемологот Ментор Мела соопшти дека има зајакнати екипи со инфектолози и притоа ги демантираше информациитедека во Дебар нема епидемиолог.

,,Тоа се лажни вести бидејки Дебар во ниту еден момент нема останато без епидемилог“ изјави Мела .

Влезовите на територијата на општина Дебар целосно се контролирани од страна на специјални полициски сили кои овозможуваат влез само на посебни возила кои во градот носат прехранбени артики или лекови.

XS
SM
MD
LG