Достапни линкови

Барајте документи по електронски пат, не одете по шалтери


Министерот Дамјан Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска апелираше до граѓаните за услуги и консултации во институциите да се обраќаат по електронски пат, за да се намали посетата на институциите во ситуацијата предизвикана од коронавирусот.

Манчевски информираше дека и најнеопходните документи, вклучувајќи изводи од матична книга на родени, венчани и умрени, голем број потврди и други документи од институциите, ќе можат да се добиваат електронски.

Досега електронски можеше да се поднесува само барање, а сега ќе се добиваат и документи, рече министерот.

XS
SM
MD
LG