Достапни линкови

Филипче објави нови мерки за заштита од коронавирусот и за ослободување од работа


На клиниката за инфективни болести има 7 пациенти. Сите се со стабилна, лесна клиничка слика. Првата пациентка во следните денови ќе биде пуштена на домашно лекување, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше нови инфомации за состојбата со коронавирусот.

„Во моментот се тестираат 12 пациенти, 2 на Инфективната се со знаци за грип, патувале за Италија и дошле здрави пред 5, 6 дена. Земени се материјали. Осум лица од Дебар кои се комшии на тројцата заболени пациенти од пред неколку дена, имале интензивни контакти со тие пациенти и уште двајца чии резултати подоцна ќе бидат познати, па ќе ја информираме јавноста“, рече Филипче.

Во однос на ослободувањето од работа, објасни министерот, мерките важат и за родители и деца од Центрите за попреченост, кои исто треба да имаат потврда дека се корисници на таа услуга.

„За двајца родители кои работат во ист сектор, ќе треба едниот да биде ослободен. Ова важи и за самохраните родители. Сите да се придржуваат до мерките кои ги препорачавме. Интензивно работиме во целиот период. Мерката важи и за студентските домови, студентите ќе бидат пуштени дома. Денес на Комисијата беше дефинирана листата на хронични болести, врз основа на која треба да се ослободат од работа, исто е и за бремените жени. Листата ќе биде дистрибуирана подоцна денеска“, нагласи Филипче.

Повозрасните лица, оние со хронични болести, апелираше, да избегнуваат места каде има повеќе луѓе.

„На Владата денес ќе и предложам здрвствените работници да ги откажат приватните патувања, бидејќи е непредвидливо која земја ќе биде на листата земји со висок ризик. Секој здравствен работник ни е драгоцен. Се лоцираа средства за набавка на тестови за надополнување на резервата. Истото важи и за другата опрема, респираторни машини и мобилни рентген апарати. Сега за сега капацитетот на Инфективна е доволен. Има план кој дел од одделенијата би се трансформирале за изолација. Приватните болници немаат регистрирано инфективно одделение. На граничните премини се спроведува прашалник. Црвениот крст ускокна со луѓе пред се на Табановце и Богородица. Во било кое време на располагање се епидемиолозите. Сега за сега капациетот е сосема доволен“, рече министерот.

XS
SM
MD
LG