Достапни линкови

САД испраќаат војска во државата Њујорк која е најпогодена од коронавирус


Гувернерот на американската држава Њујорк Ендрју Куомо објави дека испраќа припадници на Националната гарда во Њу Рошел, епицентар на епидемијата на коронавирус во таа држава. Таму живеаат околу 80.000 луѓе, а Националната гарда ќе биде задолжена да ги снабдува, како и да ги дезинфицира установите и училиштата. Според последните податоци, само во Њу Рошел имало 108 потврдени случаи на коронавирус од вкупно 173 во целата држава Њујорк. Во САД имаат потврдено над 800 случаи на короновирус од кои починале 28 луѓе.

XS
SM
MD
LG