Достапни линкови

Намален број на ученици во дел од училиштата во општина Карпош


Во скопската општина Карпош вкупно 6 деца се во домашна изолација откако неколку родители кои биле присутни на симпозиумот со заразената докторка, од денеска ги применуваат истите мерки. Станува збор за две деца од основното училиште „Јан Амос Коменски“ , три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ и едно детската градинка „Пролет“.

Градоначалникот Стефан Богоев за Радио Слободна Европа потврдува дека во одредени училишта е намален бројот на ученици, но додава дека не треба да се крева паника затоа што домашната изолација е превентива.

„ Јас училиште не можам да затворам, таква мерка може да донесе само надлежните институции доколку се прогласи епидемија, но како општина преземаме мерки за дополнителна дезинфекција“ вели Богоев.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека директорката и докторка на клиниката за кожни болести е заразена со коронавирус по што во изолација се ставени 200 луѓе кои биле во непосреден контакт со неа. Во меѓувреме, сите вработени на кожната болница се испратени во домашна изолација.

XS
SM
MD
LG