Достапни линкови

Јово Вангеловски и официјално разрешен, жалбата одбиена


Архивска фотографија - Јово Вангеловски како претседател на Врховниот суд

Врховниот суд ја одби жалбата на неговиот поранешен претседател, Јово Вангеловски, како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет за негово разрешување. Со оваа одлука Вангеловски и официјално е разрешен.

„Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница расправаше по повод поднесената жалба од поранешниот Претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција Претседател на суд. На истата седница жалбениот совет донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година“, соопшти Врховниот суд.

Вангеловски беше разрешен поради незаконската постапка околу овозможувањето на бизнисменот Сеад Кочан да се брани од слобода. Со три гласа „за“, пред две и пол години, Вангеловски и уште двајца врховни судии го ослободија избеганиот Кочан од притвор. Кочан сега е осуден на затворска казна во предметот „Труст“, кој се однесува на манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ.

XS
SM
MD
LG