Достапни линкови

Во Иран ослободени 70 илјади затвореници поради коронавирусот


Ебрахим Реиси

Иранските власти ослободија околу 70 илјади затвореници поради ширењето на коронавирусот во земјата, изјави Ебрахим Раиси, првиот човек на правосудството. Тој истакна дека ќе продолжи ослободувањето на затвореници во места каде што тоа нема да создава несигурност во општеството. Засега не е целосно јасно дали и кога ослободените затвореници би се вратиле во затвор.

Инаку, во последните 24 часа во Иран се регистрирани 43 нови смртни случаи како последица од коронавирусот, со што вкупниот биланс е 237 починати.

XS
SM
MD
LG