Достапни линкови

Шилегов најави отстранување на една од галиите во Вардар


Петре Шилегов

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека се создадени услови за да биде отстранета галијата што се наоѓа во близина на стара пошта, без опасност Градот да сноси какви било финансиски импликации.

„Во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува урбана опрема. Во спротивно по истекот на рокот, Градот на негов трошок ќе го направи тоа“, нагласи Шилегов.

Тој појасни дека според направените анализи, објектите од проектот „Скопје 2014“, што се наоѓаат во коритото на реката Вардар сериозно може да предизвикаат поплави кои ќе нанесат материјална штета и ќе ги загрозат безбедноста и здравјето на скопјани. Шилегов изрази очекување дека во иднина ќе се создадат услови за отстранување и на останатите галии.

XS
SM
MD
LG