Достапни линкови

Франција забрани големи собири поради коронавирусот


илустрација

Франција ги забрани сите собири со над 1.000 луѓе со цел да го спречи ширењето на коронавирусот. Истовремено ќе бидат регрутирани неодамна пензионираните медицинари, како и студентите по медицина поради се поголемиот број на случаи на заразени. Во Франција досега се откриени над 1.120 случаи, што е втор најголем број на случаи во Европа, по Италија. Досега во Франција од КОВИД-19 починале 19 луѓе. Министерот за здарвство Оливие Веран изјави дека протестите, испитите и јавниот превоз веројатно ќе бидат исклучени од забраната, бидејќи биле „корисни за животот на земјата“.

XS
SM
MD
LG