Достапни линкови

МНР - Да не се патува во северна Италија поради коронавирусот


Министерството за надворешни работи поради сериозноста на состојбата со ковид-19 во Италија препорачува граѓаните на Македонија да не патуваат во регионите и провинциите: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција.

Во соопштението што го објави МНР исто така се препорачува граѓаните да избегуваат непотребни патувања во останатите делови на Италија. За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваат зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

XS
SM
MD
LG