Достапни линкови

Мицкоски сака да биде премиер, а не кандидат за пратеник


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека останува на ставот да не се кандидира за пратеник на изборите на 12 април. Тој, како што вели, ќе биде шпицен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за мандатар.

Во врска со имињата на лицата кои ќе бидат потенцијални кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, тоа рече дека за тоа ќе одлучи Централниот комитет на партијата закажан за вторник, по што кандидатските листи ќе ги објават во јавноста.

Во однос на родовата застапеност, повтори дека одбива да зборува за проценти, туку се застапува за квалитет, и на зголемување на тој квалитет.

Запрашан дали може на листата да се очекуваат и лица кои се непартиски определени, тој укажа дека имаа надпартиски кандидат за претседател на државата и оти може да се очекува надпартиски и истакнати личности во својата фела да се најдат и на кандидатските листи за пратеници.

На тоа дали ќе поднесе оставка ако изгуби на изборите закажани на 12 април Мицкоски вели е уверен во победа, и оти тоа го темели на проценки од анкети на јавното мислење.

XS
SM
MD
LG