Достапни линкови

Почнува судењето за соборувањето на малезискиот авион во Украина


Остатоци од соборениот авион.

Во Холандија утре треба да започне судски процес за соборувањето на малезискиот авион во источна Украина во 2014 година. За падот на авионот се обвинети тројца Руси и еден украински државјанин. При падот на авионот, на територијата контролирана од сепаратисти, во јули 2014 загинаа 298 патници и членови на екипажот.

Осомничен се руските државјани Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов, како и украинскиот државјанин Леонид Карченко. Тие се товарат за убиство на патниците и екипажот на летот МХ17 на „Малезија Ерлајнс“, кој леташе од Амстердам кон Куала Лумпур. Авионот беше соборен од руски противвоздушен систем.

Осомничените беа на високи позиции во сепаратистичкиот регион, кој е поддржан од Русија. Сепаратистите се борат со украинските владини сили во источна Украина од пролетта 2014 година.

Повеќето од жртвите биле Холанѓани, меѓу загинатите имало и 43 Малезијци и 38 Австралијци.

Игор Гиркин беше таканаречен министер за одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк, додека другите осомничени беа членови на воената разузнавачка единица.

И покрај доказите дека руската војска била директно вклучена во соборување на авионот со ракета истрелана од територијата под контрола на сепаратистите во источна Украина, Кремљ во неколку наврати негираше каква било вмешаност. Руските власти негираат и дека даваат каква било воена или финансиска поддршка на проруските сепаратисти во Украина.

Премиерот на Холандија, Марк Руте, на 6 март рече дека судењето е „многу важен чекор кон откривање на вистината и барање правда за жртвите и нивните блиски“. Тој рече дека во тек е и истрага и за други вмешани во трагедијата.

Владите на Малезија и Австралија, исто така, го поздравија почетокот на судењето.

Истражителскиот тим предводен од Холандија, што го истражуваше инцидентот неколку години, обвини дека четворицата осомничени соработувале за да го извршат нападот, иако тие не се директните учесници во соборувањето на авионот.

XS
SM
MD
LG