Достапни линкови

Иран ги прекина авионските летови кон Европа, 50 нови жртви од коронавирусо


Иранското Министерство за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа починале 49 луѓе од коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 194.

Портпаролот на Министерството, Киануш Џаханпур, денеска соопшти дека во земјата има потврдено 6500 случаи на инфекција со коронавирус.

Само во главниот град Техеран се потврдени 1800 случаи.

Џаханпур ги повика Иранците да избегнуваат патување низ земјата и да остануваат дома што е можно повеќе.

Во земјата наскоро треба да се прославува Персиската Нова година, кога милиони Иранци традиционално патуваат низ земјата.

Иранскиот цивилен авиопревозник ИранЕр денеска соопшти дека ги прекинува сите летови кон Европа, поради ограничувањата за летовите на оваа компанија што се поставуваат од нејасни причини.

Неколку високи политички претставници на Иран починаа од вирусот, а многумина се тестирале. Во земјата се затворени училишта и универзитети, забранети се големите културни и спортски настани, а намалено е и работното време низ целата земја.

XS
SM
MD
LG