Достапни линкови

Кандидатските листи на СДСМ ќе ги предводат двајца носители - маж и жена


Зоран Заев и Радмила Шекеринска н

СДСМ на претстојните избори ќе има по двајца носители на листи, една жена и еден маж, најавија на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска. На конференцијата посветена на темата Родова еднаквост, тие рекоа дека во секоја изборна единици ќе има тандем носители, кои паралелно ќе го покриваат теренот. Освен тоа ќе имаат и 50 отсто кандидатки.

Заев најави и дека покрај него и партиската заменик-претседателка Радмила Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа. Тој рече дека за листите уште се координираат, на нив ќе се види континуитет, но, како што истакна, ќе има и нови ликови.

На заедничката прес-конференција во седиштето на СДСМ, Заев и Шекеринска претходно ги презентираа мерките што се преземени во изминатите три години за целосна родова еднаквост во земјава. Тие набројаа дека сега бројот на жени во Парламентот е најголем, има повеќе жени на функции во извршната власт, донесен е нов Закон за прекин на бременоста, ратификувана е Истанбулската конвенција, засилена е борбата против семејното насилство.

XS
SM
MD
LG